Свет

„Амазон“ ќе им подели 500 милиони долари бонуси на работниците

30 Jun 2020

Компанијата „Амазон“ одлучи да им подели повеќе од 500 милиони долари на работниците кои работеа во првите линии во текот на пандемијата со коронавирусот.

Бонусот ќе им биде даден во знак на благодарност, соопштија од компанијата, пренесе Си-ен-ен.

Висината на бонусот ќе варира. Работниците со полно работно време, работниците на Whole Foods, возачите и партнерите за достава ќе добијат по 500 долари, додека оние со половина работно време до 250 долари. Лидерите на првите линии ќе добијат по 1.000 долари, а сопствениците на партнерските услуги за достава кои помагаат во испораката на пратките ќе добијат по 3.000 долари. 

„Амазон“ имаше полни раце работа бидејќи во текот на пандемијата луѓето остануваа затворени дома и пазареа онлајн. Компанијата беше критикувана поради условите за работа, како и за тоа дека не даваше доволно информации за влијанието на здравствената криза врз работниците. Досега од коронавирусот починаа најмалку 10 вработени во магацините.

Од „Амазон“, пак, одговорија дека се преземени сите чекори за превенција на ширење на вирусот, за таа цел се потрошени над 600 милиони долари во првите три месеци. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...