Дисконтерот „Нето Маркен“ постави „маскомат“ пред своите продавници во Минхен, откако претходно исти такви апарати постави и пред продавниците во Полска.
Целта е на купувачите пред самиот влез во продавниците да им бидат достапни маски во стерилно пакување. Цената е едно евро за маска.
Сигурноста на нашите вработени и на купувачите ни е приоритет. „Маскоматот“ првенствено е наменет за спонтаните купувачи кои немаат маски со себе, соопштија од „Нето Маркен“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.