Свет

„Волмарт“ ги повлекува од продажба огненото оружје и муницијата

12 Jun 2020

Американскиот трговец „Волмарт“ објави дека ги повлекува огненото оружје и муницијата од полиците за продажба во некои продавници во САД, по протестите низ целата земја за смртта на Џорџ Флојд, кој беше мета на полициската бруталност.

Привремено ги отстранивме огненото оружје и муницијата од одредени продавници, како мерка на претпазливост, соопштија од седиштето на најголемиот трговец во САД.

„Волмарт“, кој минатата година престана да продава муниција за пиштоли и некои пушки во американските продавници, не продава огнено оружје во многу големи градови што имаат проблеми со грабежи за време на демонстрациите.

Малопродажните објекти на неколку големи компании – „Таргет“, „Епл“ и други, се ограбени и оштетени, бидејќи протестите ескалираа во насилство во многу градови, вклучувајќи ги и Њујорк и Чикаго. Голем дел од трговците беа принудени да го скратат работното време или привремено да ги затворат своите капацитети.

Според „Ројтерс“, овие настани се случуваат во време кога трговците веќе се наоѓаат под голем притисок поради намалувањето на малопродажбата и затворањето на продавниците поради пандемијата на коронавирусот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...