Свет

„Алди“ и „Лидл“ продолжуваат со ширењето во Италија

01 Jun 2020

Германскиот трговски синџир „Лидл“ сега има повеќе од 650 продажни објекти во Италија, додека „Алди“ наскоро ја отвора својата стота продавница.

Трговците „Лидл“ и „Алди“ продолжуваат со ширење на своите продажни мрежи во Италија. Имено, „Алди“ на овој пазар е присутен од 2018 гоина и покрај кризата предизвикана од пандемијата и повеќе од три месеци празни италијански улици, отвори продавници во Болцано, Местре, Роверето и во Леко. Го отвори и првиот објект во Новара, без присуство на луѓе.

„Лидл“ е во Италија подолго време, од 1992 година, и неговата продажна мрежа е поголема. Кон крајот на претходниот месец, поточно на 28 мај, трговецот отвори дв продавници, на езерото Гарда и во Анкона.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...