Свет

„Харибо“ доби дозвола за изградба на фабрика во Висконсин

01 Jun 2020

Најголемиот производител на гумени бонбони во светот, германски „Харибо“, неодамна доби одобрение за изградба на првата прекуокеанска фабрика.

Имено, светските медиуми пишуваа за изградбата на фабриката во 2017 година, но поради административните процедури за добивање на потребните дозволи, компанијата не можеше да почне изградба на фабриката.

„Харибо“ напредува со планот за проширување во САД по повеќе од две години пауза. Производителот на гумени бонбони доби дозвола за изградба на фабрика во државата Висконсин, пишува „Либенсмител цајтунг“.

Компанијата, со седиште во Графшафт, планира да изгради огромна фабрика за производство во селото Плезант Прери. „Харибо“ изнајми 555.000 квадратни метри земја уште во 2017 година, површина на која ќе бидат сместени магацин, фабрика за производство, административна зграда, а подоцна и игротека и фитнес-центар за вработените. Постепено, компанијата планира да воведе и продавница.

Изградбата на овој погон е многу важен проект за компанијата годинава, во пресрет на 100. роденден во декември.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...