Компанијата „Лидл“ – Данска воведе нова ознака на свежото пилешко месо која означува дека пилињата се одгледувани во согласност со принципите за благосостојба на животните.
Целото свежо пилешко што се продава во ладилниците на трговецот ќе биде означено со Bedre Dyrevelfærd (Подобра благосостојба на животните). Со овој потег „Лидл“ верува дека од синџирот на снабдување ќе ги елиминира пилињата на кои им се забрзува растот поради комерцијални причини.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.