Свет

„Амазон“ почна соработка со такси-службата „Лифт“

06 Apr 2020

Откако минатата година „Волмарт“ ја прекина соработката со такси-службата „Лифт“, сега нејзините услуги ги користи „Амазон“.

Откако десетици милиони Американци седат дома поради пандемијата со корона вирус, превозникот „Лифт“ се соочи со драстичен пад на прометот. Поради тоа неодамна почнаа соработка со „Амазон“ за достава на храна.

Во оваа ситуација која сè повеќе зема замав во САД, „Амазон“ стана многу важен дел од секојдневниот живот, испорачувајќи храна на домашна адреса, истиот ден.

Поради големата побарувачка, почна да недостига работна сила за испорака на сите нарачки. Затоа се здруживме со компанијата „Лифт“ за да можат да се задоволат потребите на потрошувачите, порачаа од „Амазон“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...