Свет

Супермаркетите во Исланд со посебно работно време за повозрасните граѓани

16 Mar 2020

Супермаркетите и продавниците за прехранбени производи во Исланд воведуваат посебно работно време за повозрасните граѓани и оние што се со покревко здравје.

Од 9 до 10 часот наутро ќе биде термин кога на пазарување ќе може да влезат само постарите граѓани или оние со хронични заболувања и слично. Ова не е владина мерка туку граѓанска иницијатива која започнува да се спроведува од утре како дополнителна заштита за спречување на ширењето на коронавирусот.

Исланѓаните се надеваат дека ќе се редуцираат и метежите кои се создаваат во маркетите, а во исто време ќе ги заштитат оние граѓани кои повеќе подлежат на заболувања и вируси. 

Во земјата досега има 180 лица кои се позитивни на коронавирус, од кои едно лице е во критична здравствена состојба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...