По тримесечен преоден период, секое увезено овошје што содржи и најмало количество од пестицидот хлорпирифос ќе биде забрането за продажба во целата Европска Унија.
Земјите-членки на ЕУ се договорија да забранат увоз на овошје што содржи траги од пестицидот, кој е штетен за здравјето на луѓето. Одлуката е донесена со мнозинство гласови и по тримесечниот преоден период ќе следува забрана на хлорпирифос во цела ЕУ.
Европскиот регулатор за безбедност на храната во август минатата година утврди загриженост поради можниот генотоксичен ефект, како и невролошкиот ефект во текот на развојот на децата.
Хлорпирифосот го користат земјоделците за да ги спречат инсектите да го оштетат плодот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.