Италијанската групација „Кампари“ го заврши преземањето на францускиот дистрибутер на алкохолни пијалаци „Барон Филип де Ротшилд“.
Француската компанија е специјализирана за дистрибуција на светски познати алкохолни пијалаци, вина и шампањи во Франција.
Новиот назив на компанијата ќе биде „Франс диструбусион“. Вредноста на трансакцијата изнесува околу 60 милиони евра, а целосното преземање е одобрено од надзорните регулаторни тела. „Кампари груп“ ги почна ексклузивните преговори за преземање во ноември минатата година.
Италијанската групација „Кампари“ со своето портфолио на пијалаци е присутна во 190 земји низ целиот свет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.