Свет

„Теско“ го продава работењето во Тајланд и во Малезија

10 Mar 2020

Најголемиот британски трговски синџир „Теско“ го продава работењето во Тајланд и во Малезија.

Книговодствената вредност на трансакцијата се проценува на 10,6 милијарди долари, а ќе биде завршена во втората половина на годинава. 

Од компанијата известија дека овој потег би можел да им го поедностави работењето и да му овозможи на „Теско“ да се фокусира на пазарите во Велика Британија, Ирска и средна Европа. 

Главниот извршен директор на „Теско“ им се заблагодари на вработените во Тајланд и во Малезија за професионалноста со која остварија силно присуство во азискиот регион. 

Трансакцијата мора да ја одобрат антимонополските власти на Тајланд. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...