Свет

Бесплатни хигиенски производи за сите жени во Шкотска

26 Feb 2020

Шкотскиот парламент се очекува денеска да ја донесе одлуката за хигиенските производи на сите жени да им се делат бесплатно, со што Шкотска ќе стане првата земја во светот која се одлучи на тој потег.

Според одлуката, тампоните и влошките ќе бидат бесплатни за сите жени во Шкотска и достапни на одредени јавни места, како што се трговските центри, младинските клубови и аптеките. Спроведувањето на оваа одлука ќе ја чини државата околу 28,84 милиони евра.

Предлог-законот го поднесе пратеничката Моника Ленон, која првпат поднесе сличен нацрт-предлог во 2017 година. Тоа не се луксузни производи. Тие се неопходни и никој во земјава не би требало да биде без производи за месечен циклус, истакна таа.

Шкотската влада во 2018 година беше првата во светот што обезбеди бесплатни хигиенски производи во училиштата, факултетите и на универзитетите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...