Свет

Ворен Бафет откупи 2,3 отсто од „Крогер“

21 Feb 2020

Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот, односно неговата компанија „Беркшир Хатавеј“ презеде 2,3 отсто од американскиот синџир „Крогер“. 

Откако вестите од 500 милиони долари вредната трансакција излезе во јавноста, акциите на вториот најголем трговец во САД почнаа нагло да растат. 

Иако има одреден дел и во „Амазон“, бизнисменот чие богатство се проценува на околу 80 милијарди долари, одлучи да вложи и во вториот најголем американски трговец.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...