Градскиот совет на Њујорк донесе забрана за продавници и ресторани кои не дозволуваат плаќање во кеш со образложение дека со тоа се дискриминираат граѓаните кои не користат картички.
Според предлог-законот со кој се бара продавниците во градот да прифатат американски банкноти и монети. За прекршокот следуваат казни од 1.000 долари за прв прекршок и 1.500 долари за понатамошни престапи.
Се очекува градоначалникот Бил де Блазио да ја потпише одлуката.
Вакви одлуки пред Њујорк донесоа и властите на Филаделфија и Сан Франциско, а за ваков чекотр размислуваат и властите на Вашингтон и Чикаго.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.