Компанијата „Кока-кола“ објави дека ги откупи сите акции на производителот на млеко „Ферлајф“ од Чикаго.
Деталите за купувањето се непознати, а „Нилсен рисрч“ неодамна објави дека годишниот приход од продажба на „Ферлајф“ веќе надминува 500 милиони долари. Пред купувањето на остатокот од пакетот акции, „Кока-кола“ беше сопственик на 42,5% од акциите во оваа компанија.
„Ферлајф“ почна со работа во 2012 година, со фокус на високопротеинските млечни производи. Од „Кока-кола“ соопштуваат дека брендот Fa!rlife ќе продолжи самостојно да работи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.