Свет

Мегапиварницата „АБ Инбев“ претстави гравирани пивски шишиња

16 Dec 2019

Најголемата светска пиварница, „АБ Инбев“ ќе ги замени хартиените етикети на пивските шишиња со гравиран назив на производот и на тој начин сака да придонесе кон намалување на загадувањето. 

Технологијата овозможува директно принтање врз избраниот предмет. Првите такви шишиња ќе бидат направени во фабрика во Брисел. При гравирањето, фабриката користи само лак и мастило. 

За почеток, планирано е производство на околу 200.000 такви шишиња за брендот пиво Beck's. Лимитираната серија е наменета за британскиот пазар. 

За да го осмисли овој проект, на пиварницата ѝ помогнале Глобалниот центар за иновации и технологија (GITEC) и шест различни уметници. Доколку продажбата на шишињата е успешна на британскиот пазар, истата ќе се прошири на глобално ниво. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...