Италијанскиот дисконтер „Еуроспин“ планира да отвори 12 маркети на Малта.
Со овој потег трговецот се спротивставува на конкурентите, особено на „Лидл“.
„Еуроспин“ е присутен во Италија со повеќе од 1.000 супермаркети, во Словенија со 62 маркети, а пазарот на Малта ќе биде втор пазар на оваа компанија надвор од матичниот - италијанскиот. „Еуроспин“ работи од 1993 година и сега има повеќе од 7.000 вработени.
Претходниот голем трговски синџир кој влезе на пазарот во Малта е холандскиот „Шпар интернационал“. Овој трговец планира да отвори вкупно 23 продажни места до 2025 година, меѓу кои два хипермаркети, четири големи супермаркети и 17 помали маркети.
Во истражување спроведено во 2016 година, половина од Малтежаните го избраа „Лидл“ како свој прв избор. Но, иако „Лидл“ е најпопуларен, 63 отсто од испитаниците кои купуваат во „Лидл“ одговориле дека купуваат и во други супермаркети, што значи дека трговските синџири на Малта добро се надополнуваат еден со друг.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.