Почина Ханс Раусинг, шведскиот милијардер кој е заслужен за глобалниот успех на компанијата „Тетра пак“.
Раусинг имаше 93 години и почина во Англија. Тој и неговиот брат четири децении беа на чело на компанијата.
Неговиот татко Рубен Раусинг, беше еден од основачите на „Тетра пак“. Тој стои зад иновативното пакување кое денес се користи низ целиот свет.
Првата амбалажа од картон, налик на триаголна пирамида, беше наменета за пакување на млекото. Токму таа форма го даде и името на компанијата „Тетра пак“. Пакувањето ги замени стаклените шишиња и беше многу подобра алтернатива за чување на млекото и за транспорт.
„Тетра пак“ почна да работи со седум вработени. Денес има повеќе од 36.000 вработени и е препознатливо име во цел свет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.