Мегапиварницата „АБ Инбев“ се согласи да ѝ ја продаде својата австралиска единица „Карлтон & јунајтед бруверис“ на компанијата „Асахи“ за 16 милијарди австралиски долари.
По трансакцијата, јапонската пиварница „Асахи“ ќе има право да ги продава брендовите на „АБ Инбев“ низ цела Австралија. Од „АБ Инбев“ изјавија дека оваа продажба ќе им помогне да ја забрзаат експанзијата на другите пазари во Азиско-пацифичкиот Регион и на глобално ниво.
Договорот треба да го помине одобрувањето од регулаторните тела, а би требало да биде заокружен во првиот квартал од 2020 година.
И понатаму гледаме голем потенцијал за нашето работење во Азиско-пацифичкиот Регион, кој останува мотор на пораст во нашата компанија, истакна Карлос Брито, главен извршен директор на „АБ Инбев“.
Ова вест следуваше по претходните најави дека пивскиот гигант одлучил да се откаже од планираните иницијални јавни понуди за азискиот бизнис, вреден 9,7 милијарди долари.
Приходот на пиварницата „АБ Инбев“, во која се вработени околу 175.000 луѓе, минатата година изнесувал 54,6 милијарди американски долари. Годинава пиварницата направи низа аквизиции и инвестиции, вклучувајќи ја аквизицијата со компанијата за алкохолни пијалаци „Катвотер спиритс“, како и преземањето на веб-страницата RateBeer.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.