Свет

Пораст на продажбата на „Кампари“

05 Aug 2019

Италијански „Кампари“, шести по големина светски производител на премиум алкохолни пијалаци, извести за зголемена продажба во првата половина на 2019 година, и тоа за 8 отсто, на 848,2 милиони евра. 

Порастот е остварен со помош на силните перформанси во Северна Америка. 

Брендот Aperol, кој е најпродаван бренд на оваа компанија, забележа раст на продажбата од 22 отсто во периодот јануари-јуни 2019 година, 

Северна, централна и источна Европа сочинуваат 19,5 отсто од вкупната групна продажба и забележаа органска продажба од 7 отсто, со позитивни резултати во Германија (3,9 отсто), Велика Британија (13,8 отсто) и Русија (10,9 отсто). 

Од компанијата очекуваат дека позитивните деловни резултати ќе продолжат и во клучниот период од сезоната. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...