Синџирот „Волмарт“ од оваа есен ќе почне да врши испорака до домовите на купувачите, односно директно до кујната.
Со оваа услуга, „Волмарт“ се обидува да му конкурира на „Амазон“ во битката за што побрза испорака на производи.
Првично, домашната испорака ќе биде достапна за околу милион луѓе од три градови во САД. Купувачите кои ќе сакаат да ја користат, ќе треба да им дозволат на овластени лица од „Волмарт“ да инсталираат паметен катанец на влезот на домот или на гражата. Потоа, треба да направат нарачка на производ преку мобилна апликација и да одберат “домашна достава“ со впишан датум на испорака. Нарачката ќе стигне директно во кујната или во гаражата.
Вработениот кој ќе ја врши испораката ќе има мини камера. За да отклучи во домот на купувачот, тој ќе мора да внесе код што му се доделува за еднократна употреба. Тој што ќе работи на ова работно место, ќе треба да помине интензивен курс и да има најмалку една година работно искуство во „Волмарт“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.