Францускиот трговец „Карфур“ презема мерки за кратење на трошоците, намалувајќи го продажниот простор во продавниците.
Трговецот планира да го намали просторот за складирање во хипермаркетите за околу 10 отсто, а си постави цел и да ги намали годишните трошоци за 2,8 милијарди евра до 2020 година, во споредба со 2 милијарди евра колку што планираше претходно.
Како резултат на намалувањето на големината на хипермаркетите во Франција, во тек се и преговорите со синдикатите за кратење повеќе од 1.200 работни места. Намалувањето на просторот најверојатно ќе резултира со отстранување на одделите за накит и на одредени сервисни пултови, а услугите ќе бидат дигитализирани и автоматизирани. Трговецот веќе укина 4.400 работни места во Франција, Белгија и во Аргентина.
Додека ја намалува површината на хипермаркетите, „Карфур“ сè повеќе инвестира во помали продавници. Трговецот планира да отвори 3.000 к-продавници (C-store, convenience store).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.