Свет

Шведскиот трговец ИЦА се фокусира на онлајн продажбата

03 May 2019

Најголемиот шведски трговец со прехранбени произвиди - ИЦА се подготвува за купувачите кои сакаат да купуваат преку интернет и производите да им бидат доставени до домот

ИЦА ги пренасочува инвестициите во е-трговија, напредна аналитика и во услуги за да ги задоволи промените на потребите на корисниците. 

Компанијата очекува е-трговијата до 2025 година да достигне до 10 отсто од вкупната продажба, во споредба со само 1,5 отсто колку што изнесува денес. 

Тоа е голема промена што не стивнува. Шведскиот малопродажен пазар за храна никогаш досега не бил во толку брза промена како што е сега, изјави Андерс Свенсон, главен извршен директор на ИЦА. 

ИЦА интензивно инвестира и во автоматизираното складиште за е - продавницата во Стокхолм, кое ќе има тројно поголем капацитет во споредба со моменталниот магацин. Новото складиште ќе биде отворено во 2022 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...