Свет

„М & С“ во партнерство со „Окадо“

01 Apr 2019

Онлајн-револуцијата го погоди и „Маркс & Спенсер“, еден од најголемите трговски синџири во Велика Британија.

„М & С“ и е-трговецот „Окадо“ најавија заедничко партнерство (50/50). Притоа „Маркс & Спенсер“ стекнува 50% удел во малопродажниот бизнис на „Окадо“ на британскиот пазар, за вкупен износ од 750 милиони фунти (речиси 875 милиони евра).

Заедничката компанија ќе се вика „Окадо“ и ќе почне да ги доставува производите на „М & С“ најдоцна од семптември 2020 година, кога завршува договорот на е-трговецот со „Веитрос“. Според договорто, „Окадо“ ќе продолжи да ги испорачува и производи од приватната трговска марка, но и А-брендови.

Од 2017 година „Окадо“ потпиша четири договори за лиценцирање на неговите автоматизирани технологии за дистрибутивни центри. Договорите беа потпишани со „Казино“ во Франција, ИЦА во Шведска, „Собејс“ во Канада и „Крогер“ во САД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...