„Кока-кола“ објави дека е комплетирано преземањето на компанијата „Коста лимитид“ од компанијата „Вајтбред плц“ за 4,3 милијарди евра.
Договорот е одобрен и од регулаторните органи во Европската Унија и во Кина.
Гледаме големи можности за креирање на вредности преку комбинација на способности со кои располага „Коста“ и маркетиншката експертиза и глобалниот домет што ги има „Кока-кола“. Нашата визија е да ја искористиме моќната платформа на „Коста“, да го прошириме нашето портфолио во растечката категорија кафе, изјави Џејмс Квинсеј, извршен директор на „Кока-кола компани“.
Во август минатата година, „Кока-кола“ соопшти дека постигна договор за купување на синџирот кафетерии од британската компанија „Вајтбред“
„Коста“ работи во повеќе од 30 земји во светот што на „Кока-кола“ ѝ овозможува дополнителни можности за проширување на работењето во сегментот кафе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.