Големите компании во земјите од Европската Унија кои вработуваат 250 или повеќе лица многу повеќе користат роботи во извршувањето на нивните активности отколку во случај на средни и мали бизниси, покажа истражувањето на Евростат, одделот за статистика на Унијата.
Во 2018 година во ЕУ, 25 отсто од големите компании користеле роботи, наспроти 12 отсто од средните по големина претпијатија кои вработуваат 49 до 250 луѓе и пет проценти од малите претпријатија кои вработуваат 10 до 49 вработени.
Компаниите почесто користеле индустриски од сервисни роботи. Индустриските роботи најчесто се користеле во производствениот сектор, додека сервисните во производство и трговија на мало.
Компаниите кои користеле сервисни роботи, воглавно ги користеле за системите за управување со складишта во 44 отсто случаи, потоа за работите за чистење и згрижување на отпадот во 21 отсто случаи и за монтажни работи во 21 отсто од случаите.
Најголем удел од компаниите кои користат индустриски или услужни роботи е забележан во Шпанија. Зад неа се Данска, Финска и Италија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.