Свет

„Кока-кола“ влегува во сегментот енергетски пијалаци

12 Dec 2018

Како дел од бизнис-стратегијата за диверзификација, „Кока-кола“ го пренасочува вниманието кон пазарот за енергетски пијалаци со два нови производа што се подготвени за лансирање: Coca-Cola Energy и Coca-Cola Energy без шеќер.

Новите пијалаци содржат кофеин од природен екстракт на гуарана и се појавуваат како одговор на потребите на денешните потрошувачи.

Ова планирано лансирање на енергетски пијалаци за компанијата „Кока-кола“ може да значи кршење на договорот од 2015 година со партнерската компанија „Манстер бевериџ“. Имено, пред три години „Кока-кола“ презеде удел од речиси 17% од производителот на енергетските пијалаци Monster.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...