Свет

Парфеми направени од вештачка интелигенција

12 Nov 2018

„ИБМ рисрч“, делот од компанијата ИБМ што се занимава со истражувачка дејност, склучи партнерство со „Симрајс“, компанија за производство на мириси и вкусови, за заедно да создадат парфеми направени од вештачка интелигенција.

Таканаречената Philyra преку машинско учење комбинира илјадници состојки, формули и трендови во индустријата за да произведе уникатни комбинации. Системот прегледува милиони формули и суровини за да ги креира моделите и новите комбинации, со цел да најде потенцијална „празнина“ на пазарот и да ја пополни со нов мирис. Моментално работи на два парфема што треба да бидат претставени во средината на 2019 година за потребите на бразилскиот бренд O Boticario.

„Симрајс“ исто така планира да ја дистрибуира оваа технологија до своите најдобри мајстори низ целиот свет, како и во нивното училиште во кое се обучуваат идните креатори на парфеми. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...