Сопственикот на брендот Cadbury складира суровини, чоколада и бисквити, подготвувајќи се за Брегзит, пренесуваат британските медиуми цитирајќи го претседателот на „Монделез“.
Портпаролот на компанијата вели дека како и другите компании, и „Монделез“ ги разгледува процесите што зависат од политичките одлуки и се подготвува за низа потенцијални исходи.
Повеќе сме за добар договор за Брегзит, кој би овозможил слободен протек на производите. Сепак, се подготвуваме и за тежок Брегзит и складираме значителни количества суровини и готови производи, ја пренесуваат медиумите изјавата на Хју Вебер, претседател на „Монделез“ – Европа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.