Свет

„Интерспар“ вложува во реновирање

12 Nov 2018

„Интерспар“ – Австрија соопшти дека инвестира 21,5 милион евра за модернизација на хипермаркетот во Амстетен.

Финализирањето на редизајнираниот хипермаркет се планира за октомври следната година, но како што најавува трговецот, дотогаш продавницата непречено ќе работи со стандардната услуга.

Од синџирот порачуваат дека новиот објект ќе биде многу атрактивен, со подземна гаража за 120 возила и со нов ресторан на терасата, а значителен простор ќе биде издвоен и за понудата на свежо овошје и зеленчук, како и за регионалните специјалитети.

Хипермаркетот во Амстетен последен пат беше реновиран пред 20 години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...