Свет

Нов трговски договор

11 Oct 2018

Постигнат е нов договор меѓу САД и најголемите трговски партнери Канада и Мексико, кој се вика УСМЦА (The United States-Mexico-Canada Agreement).

Само неколку часа пред истекот на крајниот рок, американската и канадската влада се согласиле на договорот, кој на работниците, фармерите и на компаниите ќе им овозможи слободен пазар, почесна трговија и посилен економски пораст, се наведува во заедничкото соопштение.

УСМЦА би требало да го замени НАФТА, трилатералниот Северноамерикански договор за слободна трговија, кој стапи во сила во 1994 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...