Свет

„Амазон“ ја отвора првата универзална продавница во Њујорк

01 Oct 2018
Компанијата „Амазон“ отвора универзална продавница во Њујорк, во која ќе се продаваат играчки, предмети за домаќинство и други производи, кои добиваат високи оценки од купувачите на интернет-страницата на „Амазон“. ​
 
Тоа е првпат компанијата на Џеф Безос да отвори објект бидејќи досега производите се продаваат преку електронска трговија.  
 
Благодарејќи на богатата база на податоци за клиентите, продавницата именувана како  „Amazon 4-star" ќе ги понуди најпродаваните и најпопуларните производи на потрошувачите во Њујорк.
 
Оваа новина ја потврдува предноста на „Амазон" пред конкуренцијата, како што е „Таргет", кој привлекува потрошувачи преку нови и мали продавнички. Покрај тоа, ги потврдува и заложбите на најголемиот онјалн-синџир за трговија на мало да ги задоволи барањата на потрошувачите и во продавница која е физички присутна.  


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...