Компанијата „Констелејшн брендс", чиј најпознат глобален бренд е пивото Corona, ќе инвестира 5 милијарди долари во канадскиот производител на марихуана „Канопи".
Минатата година „Констелејшн брендс" вложи 200 милиони долари во „Канопи", како дел од договорот за безалкохолен пијалак базиран на марихуана. Сегашната инвестицијата во вредност од 5милијарди долари е досега најголема во производството на марихуана.
Како што се наведува, „Констелејшн брендс" сака да ја искористи шансата бидејќи сè повеќе земји ја легализираат марихуаната. Двете компании објавија дека инвестицијата ќе му овозможи на „Канопи" да го прошири работењето во речиси 30 земји, во кои е легализирана марихуаната за медицинска употреба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.