Унгарскиот премиер Виктор Орбан има намера да ја забрани употребата на црвената ѕвезда, односно петокраката, па неговата партија „Фидес" подготвува закон со кој ќе биде стопирана секаква нејзина комерцијална употреба.
Законот предвидува казна од дури 6,5 милиони евра или две години затвор за сите што ќе се осмелат да ја користат црвената петокрака, која според партијата е симбол на комунизмот. Меѓу најпогодените ќе се најде познатата холандска пиварница „Хајнекен", чија препознатлива етикета веќе со децении ја краси токму петокраката.
Експертите проценуваат дека забраната, освен иделошката има и економска заднина. Орбан тоа го најави уште на последната изборна кампања, а расправата за законот почна минатата година. Донесувањето во Собранието беше одложено поради спротиставување на опозицијата и реакциите од ЕК.
Регионалните медиуми пренесуваат дека војната на Орбан и ,,Хајнекен" трае неколку години, откако холандската пиварница го доби спорот со еден производител на пиво во Романија, кој е многу популарен меѓу тамошните Унгарци.Утврдено е дека локалното Csíki премногу личи на Ciuc на „Хајнекен". Според тоа, на Орбан црвената ѕвезда му е само изговор да му наштети на холандскиот пивски гигант, тврдат унгарски медиуми.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.