Свет

Трговски vs А-брендови

20 Jul 2018

Приватните трговски марки продолжуваат да го зголемуваат пазарниот удел во Европа.

Најновите податоци на „Нилсен", презентирани на годинешниот саем на приватни трговски марки – ПЛМА во Амстердам, покажуваат дека минатата година трговските брендови го зголемиле пазарниот удел во 11 од 19 анализирани земји, односно дека нивниот удел изнесувал 30 или повеќе проценти во 17 земји.

Џастин Кинг, поранешен извршен директор на „Сеинсберис", преку својата презентација предупреди дека кога трговците и производителите ги подготвуваат своите бизнис-планови, честопати недостасува најважната личност, а тоа е потрошувачот. Според него, за да биде успешен трговецот, тој мора да седи од страната на потрошувачот.

Во контекст на трговските брендови, изоставувањето на потрошувачот обично води кон копирање на А-брендовите по пониска цена, а тоа не носи никаква уникатна корист што ќе ги задоволи променливите потреби на потрошувачите, истакна Кинг на саемот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...