Свет

Италија: „Амазон“ тестира дронови за испорака

20 Dec 2024

„Амазон“ објави дека успешно заврши со тестирање на дронови за испорака во Италија, која е првата држава во која компанијата планира да ја воведе оваа услуга

Дроновите Мк – 30 ќе користат програма на „Амазон“ која ќе овозможува  сигурна испорака без препреки, сигурност на луѓето, животните и имотот и ќе им помага на дроновите да се држат одвоени од другите летала во оперативните подрачја, соопштуваат од компанијата.

Тестирањето на овие  дронови се одржа во Сан Салво, а од компанијата велат дека продолжуваат да соработуваат со италијанските власти за да ги исполнат сите услови неопходни за лансирање на услугата  во следната година.

Претходно, компанијата соопшти дека се надевааат дека ќе почнат да користат дронови во Италија и Велика Британија на крајот на 2024 година.

Во август, британскиот авијациски регулатор избра шест проекти, вклучувајќи го и оној на „Амазон“, кои се фокусираат на тестирање на употребата на беспилотни летала во испораките, инфраструктурните инспекции и службите за итни случаи.

Испораките на пакети со беспилотни летала, кои беа промовирани во декември 2022 година, моментално се оперативни на неколку локации во Тексас и Аризона и се очекува услугата постепено да се проширува, изјави портпаролот на компанијата за „Ројтерс“.

 

Извор: INB2B Media

Фото: „Амазон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...