„Монделез интернешнл“ ја истражува можноста за купување на производителот на чоколади „Херши“.
„Монделез интернешнл“, чија вредност е околу 84 милијарди долари, направи прелиминарен пристап за можна аквизиција. Како што објави Bloomberg News, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање, разговорите се во рана фаза и не е сигурно дека ќе доведат до договор.
И „Монделез“ и „Херши“ одбија да ги коментираат наводите на медиумите.
Акциите на „Херши“, чија пазарна капитализација е околу 35 милијарди долари, пораснаа за цели 19 отсто на 208,03 долари, додека акциите на „Монделез интернационал“ паднаа за околу четири отсто.
Да потсетиме, ова не е првпат да се зборува за можно преземање на компанијата „Херши“. Во 2016 година, компанијата ја отфрли понудата на „Монделез“ од 23 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.