Компанијата „ВХ Смит“ во пресрет на празниците претстави посебна серија на божиќни сендвичи како дел од асортиманот на сопствените трговски марки.
Овие сендвичи кои се дел од асортиманот на готови јадења Smith’s Family Kitchen ќе бидат достапни во 300 продавници низ Велика Британија.
Серијата вклучува осум нови сендвичи, вклучувајќи го и класичниот сендвич од мисирка, но и вегански и вегетаријански опции, се вели во соопштението на компанијата.
Ако ме прашувате мене, вашиот прв божиќен сендвич го означува вистинскиот почеток на празничната сезона и нашиот нов асортиман е совршено дизајниран да ги внесе потрошувачите во божиќниот дух, изјави Ендрју Харисон, генерален директектор во „ВХСмит“ за Велика Британија.
Во мај годинава, „ВХСмит“ ја лансираше приватната етикета на Smith's Family Kitchen, која вклучува повеќе од 30 готови оброци, вклучувајќи сендвичи, салати и врапови и печива.
„ВХСмит“ е познат по своите продавници на автобуски и метро станиците, како и на аеродромите, фокусирајќи се на потрошувачите кои бараат брзи и подготвени опции за време на нивните патувања. Трговецот на мало моментално работи со повеќе од 1.100 продавници низ Обединетото Кралство.
Извор: InStore.rs
Фото: „ВХСмит“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.