Свет

Австрија: „Лидл“ повторно ќе биде партнер на Европското ракометно првенство за жени

26 Nov 2024

Компанијата „Лидл“ втора година по ред е официјален „партнер за освежување“ на Европското првенство во ракомет за жени, кое годинава ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

 Како дел од партнерството, под слоганот „Ние навиваме за вашиот тим“, дисконтот ќе работи на подигање на свеста за свесната исхрана и охрабрување на љубителите на спортот да водат активен животен стил и да купуваат избалансирани и одржливи производи обезбедувајќи свежо овошје за тимовите, официјалните лица, судии и волонтери.

Според компанијата, целта на партнерството е да ги инспирира луѓето да станат подобра верзија од себе, не само за себе, туку и за доброто на планетата, водени од слоганот „За подобро утре“.

 „Лидл“ е голем поддржувач на ракометот и воодушевени сме што продолжува нашето партнерство со еден од најголемите и најпопуларни брендови во Европа. Го цениме разбирањето на „Лидл“ за љубителите на ракометот и со нетрпение очекуваме „Лидл“ да помогне да се шири свеста за нашиот спорт и да се промовира здрав и активен начин на живот за сите, изјави Томас Шенајх, директор за медиуми и комуникации во ЕХФ.

За потсетување, Лидл од 2017 година активно учествува во спонзорството на меѓународни ракометни настани, како и на локално ниво, каде поддржува многу машки и женски репрезентации.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...