„Асда“ во своите над 700 продавници низ Велика Британија, ќе им овозможи на потрошувачите да ги подигнат нарачките од „Амазон“.
Од двете компании соопштуваат дека ова партнерството ќе ја намали и потребата од дополнителни кутии за испорака. Дополнително, доколку има проблем со пакувањето, купувачите можат едноставно да го вратат производот во оригиналното пакување на производителот во една од продавниците на „Асда“ и да побараат друг производ.
Задоволувањето на постојано растечките потреби на нашите купувачи е наш главен приоритет. Оваа соработка со „Амазон“, која доаѓа на време за Божиќ, означува уште еден значаен момент, не само за нашите продавници, туку и за продажната мрежа на „Асда експрес“ која постoјано се шири. Со приближување на услугите на „Амазон“ до нашите купувачи, можеме да обезбедиме поголема удобност на што поголем број на заедници што ги опслужуваме низ Велика Британија, изјави Крис Хол, потпретседател за логистика во „Асда“.
Работиме напорно за да им понудиме на купувачите ниски цени на широкиот спектар на производи, со брзи, практични опции за испорака и лесно враќање. Оваа соработка уште повеќе им олеснува на купувачите да ги соберат нарачаните артикли кога купуваат во продавниците на „Асда“ или пак да ги враќаат пакетите без проблеми, изјави Џон Бумфри, менаџер на „Амазон“ во Обединетото Кралство.
Трговците најавија и проширување на листата на продавници каде оваа услуга ќе биде достапна во наредниот период.
Извор: InStore.rs
Фото: „Асда“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.