Свет

Економски пораст од 0,4% во третиот квартал

15 Nov 2024

Економијата на еврозоната забележа значителен пораст во третиот квартал. Според податоците на Евростат, бруто домашниот производ на 20-те земји од еврозоната е зголемен за 0,4 отсто во однос на претходниот квартал.

Во споредба на годишно ниво, стапката на пораст е 0,9 отсто, објави Евростат. Порастот беше во согласност со претходните проценки на економистите.

Водечките европски економии, сепак, забележаа шарени бројки.

Така, шпанската економија остана со високи брзини и забележа пораст од 0,8 отсто, додека германската порасна за 0,4, а италијанската стагнираше.

Да потсетиме, економијата на еврозоната во 2023 година порасна за 0,5 отсто на годишно ниво. Во 2022 година забележа значително поголем раст на годишно ниво од 3,4 отсто, а во 2021 година пораст од 5,9 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...