Како дел приватната трговска марка The Hop Foundry, „Алди“ лансира две нови пива кои се направени вишокот на овошје и леб, а со цел да се намали количината на фрлена храна во сопствениот синцир на снабдување.
Пивата Toast Brewing Another Round Session IPA и Freedom Brewing Misfits Summer Fruits Beer направени се во соработка со компанијата „Фридом бревинг“.
Се произведуваат од околу 400 векни на леб од асортиманот исто така од приватна трговска марка на компанијата, како и од оштетено овошје ( јагоди, капинки, боровница и малини).
Со ваквиот потег компанијата ги намалува емисиите на СО2 за 5% во споредба со пивото кое користи слад, зачувувајќи од фрлање речиси еден тон на овошје.
Знаеме дека нашите купувачи сѐ се повеќе страствени во врска со одржливоста и бараат начини да направат разлика при купувањето. Во партнерство со неверојатни иноватори, го претвораме вишокот на храна во вкусни, висококвалитетни производи кои нашите купувачи можат да се почуствуваат добро кога купуваат и сето тоа по неверојатно ниските цени на „Алди“, изјави Џули Ашфилд, директорка во „Алди“ – ОК.
Извор: FoodBev
Фото: „Алди“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.