Според последните податоци, во септември Еврозоната трет месец по ред бележи пораст на малопродажбата.
На месечно ниво обемот на трговијата на мало има пораст од 0,5 отсто, но е побавен од порастот во август кој е 1,1 отсто, покажуваат податоците на „Евростат“.
Обемот на продажбата има пад за 0,4 отсто кај храната, пијалаците и тутунот, а има зголемување за 0,2 проценти кај автомобилските горива.
На годишно ниво малопродажбата во септември во еврозоната бележи пораст за 2,2 отсто.
Кога се работи за ЕУ, малопродажбата во септември има пораст за 0,3 отсто на месечно ниво и 2,8 проценти на годишно ниво.
Најголем месечен пораст на вкупниот обем на трговија на мало е забележан во Белгија, Данска и Хрватска (кај сите за 2,1 отсто), Германија (1,2 проценти) Австрија и Словачка ( кај двете за 1,1 отсто).
Од друга страна, најголем месечен пад е забележан кај Словенија (2,6 отсто), Полска (2,0 проценти) и Финска (1,6 отсто).
Извор: biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.