Компанијата „АБ Инбев“ за третиот квартал пријави пораст на профитот (без пресметан данок и амортизација) од 7,1% или 5,2 милијарди долари.
Приходите на компанијата во овој период бележат пораст од 2,1%, додека од почетокот на годината имале пораст за 2,5%.
Приходите по хектолитар во третиот квартал бележат пораст за 4,6%, додека заработката по акција изнесува 0,98 долари, што е за 14% повеќе во однос на претходната година кога изнесувала 0,86 долари по акција.
Вкупниот обем на продажбата по акција во овој квартал изнесува 2,4%, при што продажбата на пиво бележи пад од 3,1%, а останатите категории од 0,6%.
Побарувачката на потрошувачите за нашите мегабрендови придонесе за пораст и за зголемување на маржата. Нашите тимови и партнери продолжуваат со спроведување на нашата стратегија и уверени сме во нашата способност да ги оствариме поставените цели, изјави Мајкл Доукерс, извршен директор на компанијата „АБ Инбев“.
Компанијата ги потврди своите насоки за годинава, очекувајќи пораст на профитот во распон од 6 до 8%.
Извор: InStore.rs
Фото: „Аб Инбев“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.