Свет

Германија: Компаниите очекуваат пад на извозот

29 Oct 2024

Германските бизнисмени очекуваат послаб извоз во следните шест месеци, објави институтот „Ифо“ врз основа на истражувањето спроведено во октомври, кое покажа пад на очекувањата за извоз на -6,7 поени, наспроти -6,5 во септември.

Компаниите во моментов немаат корист од позитивните економски движења во другите земји. Затоа продолжува тешкиот период за извозниците, изјави Клаус Вохрабе, раководител на студијата.

Најголеми загуби очекуваат автомобилската и металската индустрија, додека производителите на храна и пијалаци предвидуваат зголемување на извозот. Исто така, производителите на хартија сметаат на благ раст. Забележлив е оптимизам кај производителите на електрична опрема.

Слабата надворешно-трговска активност е една од причините зошто германската економија е на работ на рецесија.

Владата очекува дека бруто домашниот производ годинава ќе се намали за 0,2 отсто. Доколку се оствари прогнозата, тоа ќе биде втора последователна рецесија.

 

 

 

Извор: „Дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...