Компанијата „Кока Кола консилејтед“ најави инвестиција од 25 милиони долари во ширењето на производните капацитети во својата фабрика во западен Мемфис.
Возбудени сме за нашиот раст во западен Мемфис. Оваа инвестиција во нашите партнери и производствените способности ја одразува долгорочната посветеност за подобрување на начинот на кој им служиме на најдобрите светски брендови и на нашите заедници, изјави Стив Фандербурк, потпретседател за производство во компанијата „Кока Кола консолидејтед“.
Како дел од инвестицијата компанијата лансира нова производна линија која ќе придонесе во зголемувањето на производството од 26 на 29 милиони единици годишно.
„Кока Кола консолидејтед“ не е само најголемата полнилица за Coca – Cola во земјава. Од нивниот успех поважна е нивната посветеност кон семејствата и лидерството заснована на вредности. Тие се доследен партнер за заедниците во западен Мемфис, а ова проширување од 25 милиони долари ветува дека ова партнерство ќе расте, изјави Сара Хакби Сандерс, гувернарка на западен Мемфис.
За да го поддржи проширувањето, компанијата ќе вработи 19 нови лица во погонот во западен Мемфис. „Кока Кола консилејтед“ низ Аризона има над 580 вработени лица.
Извор: InStore.rs
Фото: „Кока Кола“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.