Компанијата „Метро кеш & кери“ во Русија го отвори третиот Центар за работа со Б2Б клиенти. После отворените центри во Казања и Нижнем Новогроду, компанијата го отвори новиот Центар во Ростов на Дон.
Хорека во Русија се развива со огромно темпо, на пример, Ростов на Дон има многу јака гастрономска школа, која ќе придонесе за развојот на домашниот туризам. „Метро“ работи со повеќе од 4.500 претставници од угостителската индустрија и со 38 локални добавувачи. Мило ни е што можеме да ги претставиме локалните бизниси и производители и сакаме да станеме силен и сигурен партнер, изјави Јоханес Толеј, извршен директор на „Метро“.
Центарот ќе биде корисен за угостителите и куварите, кои на овој простор ќе можат да го користат за обуки и усовршување, а добавуачите за тестирање и дегустација на нивните производи, наведуваат од компанијата.
Покрај тоа, овој Центар ќе има и изложбен простор во чии рамки компаниите ќе прикажуваат производи од своите приватни трговски марки.
Во следниот период компанијата планира да отвори слични објекти и во другите градови каде што е присутна.
Од компанијата потенцираат дека отворањето на ваквите центри е можност Хорека секторот да се запознае со сите нови производи, како и да се придонесе во развојот на оваа индустрија со овзоможување на професионални платформи за обуки и размени на искуства.
Извор: InStore.rs
Фото: „Метро“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.