Спроред Националниот завод за статистика на „Дестатис’ минатата година Американците купиле германска стока од 157,9 милијарди долари, што покрива речиси една десетина од извозот на Германија, што е најголем удел во последните 20 години.
На американскиот пазар, германските компании најмногу извезувале фармацевтски производи, машини и автомобили.
Во 2023 година, САД беа најголемиот купувач на германски извоз деветта година по ред. Трендот продолжи и во првата половина од оваа година, велат статистичарите.
Се зголеми и увозот на американски стоки во Германија, иако со побавна стапка од извозот. Производите од САД за 94,7 милијарди сочинуваат 6,9 отсто од вкупниот увоз - највисоко од 2004 година.
Билатералниот трговски суфицит лани изнесуваше 63,3 милијарди евра, а во првата половина од годинава достигна 34,7 милијарди. Со ниту една друга земја Германија не прави таков вишок во трговијата.
На поврзаноста на двете економии укажува и податокот дека лани 11,5 отсто од сите 38.500 компании во странска сопственост во Германија биле американски филијали. Поголем удел во тој сегмент има само Швајцарија со 12,8 отсто.
Тие 4.400 американски компании во Германија вработуваат околу 775.000 луѓе и остваруваат обрт од 416,5 милијарди евра. Според податоците на „Бундесбанк“, 6.100 германски компании во САД вработуваат 964.000 луѓе и имаат обрт од 828 милијарди евра годишно.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.