Свет

САД: „Волгринс“ во следните три години ќе затвори 1.200 продавници

18 Oct 2024

 „Волгринс“ ги најави плановите за затворање на 500 продавници во текот на следната години, а во наредните пет години ќе затвори околу 1.200 продавници.

Најавата за затворање на продавниците доаѓа после слабите резултати остварени во четвртиот квартал.

Во четвртиот квартал компанијата пријави загуба од 3,48 долари по акција, во однос на 0,21 долар по акција во истиот период минатата година.

Нето загубата во четвртиот квартал изнесува 3 милијарди долари, а во истиот период лани таа изнесувала 180 милиони долари.

На годишно ниво загубите на комапнијата достигнале 10,01 долар по акција, што е 180,4% повеќе во однос на претходната година.

Во овој период продажбата забележала пораст од 6,2% или 147,7 милијарди долари, додека нето долгот на компанијата бил намален за 1,9 милијарди долари.

Нашите финансиски резултати во четвртиот квартал и во целата 2024 година го изразуваат нашето дисциплинирано управување со трошоците, инцијативите за капиталот на обрт и намалувањето на трошоците. Во фискалната 2025 година ќе се фокусираме на стабилизацијата на аптеките, оптимизацијата, контролата на оперативните трошоци и подобрување на финансиските текови. Фискалната 2025 година ќе биде важна година за нас, затоа што ја унапредуваме нашата стратегија за создавање на вредности. Овој пресврт ќе потрае, но уверени сме дека ќе донесе значителни финансиска и потрошувачка корист на долг рок, изјави Тим Вентворт, извршен директор на компанијата „Волгринс ботс алианс“.

Во фискалната 2025 година, компанијата очекува заработка од 1,40 до 1,80 долари по акција, во однос на очекувањата на аналитичарите од 1,73 долари.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Волгринс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...