Свет

САД: „Џонсон & Џонсон“ инвестира во нова фабрика

10 Oct 2024

„Џонсон & Џонсон“ ги најави плановите за инвестирање на 1,78 милијарди евра (2 милијарди долари), во изградба на нова фабрика во Вилсон во Северна Каролина.

Новата фабрика ќе го прошири производството на биолошки лекови за лечење на ракот и на имунолошките и невролошки болести, соопштуваат од компанијата.

Производителот на лекови до 2030 година сака да покрене над 70 нови терапии и да ја прошири можноста за лекување на пациентите.

Почетокот на изградбата на новата фабрика се очекува во првата половина на 2025 година, а од компанијата додаваат дека очекуваат  да се отворат 400 работни места.

 

 

Извор: INB2B Media

Фото: „Џонсон & Џонсон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...